ПРОИЗВОДИ

Подно греење

 Подното греење преставува нов вид на решение на греење.За разлика од класичниот систем на греење тука
нема видливи грејни тела, радијатори ниту пак цевки со што неможе да се занемари заштедата на просторот
кој го заземаат радијаторите. Важна разлика од класичниот  систем на греење е тоа што се работи за систем
на ниска температура кој рамномерно ја распределува топлината.Поради опцијата на ниска температура,ова 
решение  нуди заштеда на енергија од 12%-16%.Подното греење може да се комбинира со централно греење
или топлински пумпи (се мисли на сопствено греење) кои ја штитат животната средина.
Кога се инсталира подниот систем за греење,посебно внимание треба да се обрати на термичката изолација
која се инсталира под цевките во подниот развод.Она што треба да се направи е да се пресмета дебелината
на стиропорот во подот на просторијата во приземјето и на подот на оние простории под кои нема греење.
Најдобрите резултати на подното греење се постигнуваат со керамички,мермерни или со бетонски подови.
Ламинатите или паркетите се неповолни,но можат да се применат.Кај паркетите е битно нивната влажност
да биде под 10%.Во таа насока бамбусовиот паркет ќе ги задоволи овие барања.Со ваквиотвид на греење
температурата во просторијата се движи од 21-23ºC.

Изберете под категорија
Изберете бренд
Избрете под категорија на производ или бренд за да ги погледнете производите.