Изолацијата е средство или заштита од миграција на надворешни појави врз одредени материјaли.
Располагаме со два вида на изолација:
* K-FLEX изолација во цевка ST и
* K-FLEX самолеплива изолација во плоча (ролна ) ST-DUCT
Изолационите материјали K-FLEX се флексибилни и еластични материјали од пенообразен синтетички каучук. Се произведуваат во облик на цевки и плоча. Основата е синтетички каучук, кој ги прави високо еластични кој им дава можност за нивно користење во различни области.Поседуваат одлична водонепопусливост,ниска топлинска спроводливост,својство на самогасење при пожар, висока отпорност кон микроорганизми, мувла и атмосферски влијанија.
K-FLEX изолацијата се користи за изолација на:
- вентилација и системи на климатизација ,
- постројки,
- технолошки цевководи и опрема,
- санитарии,
- греење, и
- вентилација и климатизација на системи за топла и ладна вода.