ПРОИЗВОДИ

КЛИМА УРЕДИ -ИНВЕРТЕР

Инвертер клима-уредите се осмислени да го подобрат квалитетот на секојдневниот живот со користење на иновативно и енергетски ефикасно решение, не само со идејата за зачувување на животната средина, туку и за зачувување на здравјето на самиот корисник.
Во денешно време има клима уреди со инвертер технологија. За разлика од стандардните клима уреди кои константно работат под полн капацитет и не ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, клима уредот - инвертер ги намалува бројот на вртежите во компресорот и во надворешниот вентилатор. И како што се доближува до саканата температура тие се помалку работат односно им се намалува бројот на вртежи. Токму поради тоа стандардните клима уреди трошат константно иста количина на електрична енергија, додека инвертер климите имаат многу помала потрошувачка.
Намалената потрошувачка на електрична енергија не е единствена предност на инверторот во одност на стандардниот клима уред. Покрај тоа инверторот може да функционира на многу ниски температури односно до -15 °C што ги прави прилагодливи да се користат како грејно тело во текот на целата зима. Кај стандардните клима уреди минималната работна температура е до -5°C, под таа температура климатизерите губат на своите перформанси и престануваат да работат.
 
Изберете под категорија
Изберете бренд
Избрете под категорија на производ или бренд за да ги погледнете производите.