Кај подното греење грејните цевки (црева) се поставуваат во подот и се поврзуваат со
топловодниот централен систем за греење. Температурата на топлата вода и знесуваод 25ºС
до 40ºС ( максимум 50ºС ), така што овој систем е погоден за користење со топлинска
пумпа или кондезирачки котел. Порано се користеле челични и бакарни цевки, додека денес
е развиена технологијата на специјални цевки (пе-рт,пех цевки-црева).
Најсовремените црева имаат дополнителна заштитa на површината наречена антиоксигенаска
бариера.Таа бариера го спречува воздухот преку микропукнатините на цревото да навлегува
во него и во допир со водата да формираат алги во внатрешноста на цревото.Со зголемувањето
на таквите алги се намалува протокот на водата , со што се губи и од квалитетот на греењето.
Постојат адитиви кои се поставуваат внатре во цревото за да се спречи овааа појава на
формирање на алги.Цевките (цревата ) се поставуваат во вид на цевна змија или спирала.
Од долната страна се поставува слој од топлинска изолација додека од горната страна цврст
завршен слој цементна кошулка и под.