Ова е еден нов вид на греење иако релативно непознат, сепак е присутен. Имено, се работи загреење со електролитни котлиња коe е мошне различенo од другите видови на греење. За разлика од другите системи кај кои директно се загрева водата кај овие системи гледаме друг принцип на работа Имено, кај нив системот не ја грее водата тука ја тера водата сама да се загрее,т.е.да ослободи топлинска енергија триејќи ги молекулите на водата едни со други. Најлесно да се објасни овој ефект е со триењето на рацете една од друга. Затријте ги дланките една од другаи ќе осетите топлина.Овој систем е за радијаторско (парно) греење. Ова е котел, кој е со многу мали димензии во споредба со другите котли, зафаќа малку простор и е идеален за сите типов на простор за греење, било да е тоа стан, куќа, деловен простор, магацин, хангари и слично.
Неговите неверојатно мали димензии го прават погоден за секаков вид на простор. Може да семонтира каде било во просторот (еден елемент во кујна, зад врата во ходникот, во купатило до машината за перење, под скали или помошниот-гостинскиот тоалет). Без оглед дали имате веќе парно инсталација или не, како што е опишано веќе, овој систем е замена на постоечките котли, а тоа значи дека радијаторската инсталација не е специјална за него туку стандардно како и кај сите други. Дотолку битно е само да биде правилно изведена,без оглед дали се работи за надворешна инсталација, сокриена под кошулица или пак вертикална инсталација (вертикали за повеќе спратови). Тоа значи дека ако веќе имате поставено инсталација и радијатори системот може да се поврзе на таа инсталација, да се тргне постоечкиот котел и да се поврзе со инсталацијата или пак едноставно да се додаде на другите системи.
Фактите велат, дека ова е систем кој е веќе во примена и е можеби најефикасниот ,систем загреење спредено со сите други методи. Според некои податоци кои ги најдовме овој системие поекономичен и од топлинската пумпа која се сметаше за најекономичен вид на греење во Македонија.
ДОСТАПНИ ГОЛЕМИНИ:
-ОБИЧНИ ЕЛЕКТРИЧНИ КОТЛИ со моќност 9-36 KW
-КОМПАКТ ИЛИ МОНОБЛОК ЕЛЕКТРИЧНИ КОТЛИ со моќност 9-24 KW