Подобрената ALPHA 2 /2L е мала циркулациона пумпа која обезбедува неспоредлива енергетска ефикасност.Врз основа на докажаната технологија , Grundfos пумпите се идеални за примена во делот за греење, климатизација и ладење во која температурата на течноста е до + 2 ° C.Со новата ALPHA 2, можете да престанете да се грижите за комплицираните пумпни системи. Едноставно инсталирајте ја пумпата без дополнителни промени на фабричките подесувања, AUTOADAPT. Новата АLPHA 2/2L пумпа автоматски ќе гo анализира системот за греење, ќе ги најде оптималните поставки за работа и ќе продолжи со понатамошното прилагодување доколку постои потреба за промена.
ПРИМЕНА
GRUNDFOS има направено неколку клучни измени во дизајнот кој ќе Ви овозможи да ja користите новата АLPHA 2 /2L за ладење притоа со температура на пумпана течност до +2 ° C. Ова значи дека новата ALPHA2 пумпа ќе одговори на Вашите барања за греење како и на речиси 90% од Вашите барања во климатизацијата и ладењето. Куќиштето на новата ALPHA 2 /2L е изработено од нерѓосувачки челик, што истовремено овозможува да се користи и во системот на кружно движење на топла вода во домаќинствата.
GRUNDFOS ALPHA 2 / 2L пумпа е погодна за:
- системи со константен или варијабилен проток
- систем со една цевка / две цевки
- подно греење
-кружење на топла вода
-системи каде што е потребно автоматско ноќно работење.
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
GRUNDFOS ги поддржува и охрабрува строгите законски барања кои се однесуваат на ефикасноста на пумпата, намалувањето на трошоците за енергија како и зголемување на нивната одржливост. Со гордост можеме да кажеме дека новaта ALPHA2 /2L пумпа - како и неjziniot претходник - е далеку пред своето време. Законодавство EuP бара сите циркулациони пумпи да имаат индекс на енергетска ефикасност (ЕЕ) под 0.23 во 2015 годиина. Новaта ALPHA2 /2L пумпа e со EEI <= 0,15 i e понапред од овие општи стандарди, со што го заслужува своето место во семејството Grundfos Blueflux® заедно со високо енергетски ефикасни производи.
КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРЕДНОСТИ
- AUTOАDAPT режим на прилагодување на пумпата во системите со варијабилен проток
- Едноставни за монтажа
- Достапни со изолација
- Приказ на потрошувачката на енергија и проток на LED дисплејот
-За температура до 140 ºC