CTC EcoAir 600M е ултра-ефикасна серија на воздух - вода топлинска пумпа со автоматско прилагодување на топлинската моќ согласно потребите. CTC EcoAir 600M е со можноста за работа на компресорот во различен опсег што овозможува постигнување на максимални заштеди.CTC EcoAir 600 воздух -вода топлинска пумпа ја користи енергијата од воздухот за задоволување на потребите за греење и за подготовка на санитарна топла вода .
CTC EcoAir 600М се инсталира во комбинација со внатрешен модул CTC EcoZenith I350, CTC EcoZenith I250, CTC EcoVent I350 F или CTC EcoZenith I550 Pro или модул за контрола CTC Ecologic Pro/Family.СТС топлинските пумпи се дизајнирани, патентирани и произведени во производна фабрика во Љунгбу во Шведска што овозможува целосна контрола за квалитет на производите.
ПРЕДНОСТИ:
- Најдобра енергетска класа A+++
- Многу ниско ниво на бучавост
- Намалување на експлоатационите трошоци за греење до 80%
- Висок коефициент за искористување seasonal coefficient of performance (SCOP):SCOP of 4.9
- Температурен работен опсег при режим на греење до -22°C и температура на вода на излез од топлинска пумпа до 65 °C
- Можност за работа на компресор во различен опсег
- Можност за управување со паметен телефон и со CTC Connect +