ПУМПА ЗА САНИТАРНА ВОДА COMFORT PM
Grundfos COMFORT пумпите се наменети за топла вода во домови со една или две семејства.Овие пумпи имаат сферични мотори. За разлика од конвенционалните мотори со потопен ротор, сферичниот мотор нема вратил за вртење на роторот. Статорот го пренесува магнетното поле на роторот во делот на пумпата што работи во вода. Оваа пумпа е погодна само за системи за топла вода под притисок.Дел од пумпата кој се на-
-оѓа во водата е херметички одделен од статорот со сферичен сепаратор направен од нерѓосувачки челик.
ПРИМЕНА
Grundfos COMFORT пумпите се наменети за системи за рециркулација за санитарна топла вода во куќи со едно или две семејства.
КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРИДОБИВКИ
-Минимална потрошувачка на енергија и максимална удобност, благодарение на единствениот AUTOADAPT систем (само за AUTO верзијата);
-Висок квалитет на материјалите;
-Моторот може да се одвои од куќиштето на пумпата, овозможувајќи лесно одржување и замена;
-Ротор кој е отпорен на корозија изработен од нерѓосувачки челик, EPDM, PPO, PTFE и графит;
-Материјали се одобрени за вода за пиење, вклучувајќи го бакарното тело на пумпата.