Топлинските пумпи во голем број случаи претставуваат најекономично решение за загревање на домови
и други простории каде што престојуваат луѓе. Ги има во различни изведби, многу едноставни и
евтини, но и посложени и поскапи кои со текот на користењето се поисплатливи. Дефиниција за
топлински пумпа: тоа е уред кој одзема топлина од една средина , најчесто од околината (воздух,
вода, земја), и ја предава на средина со повисоко температурно ниво (за греење).Принципот на работа
на топлинската пумпа е ист како и кај ладилните и клима уредите, но нејзината примарна цел е
греење. Топлинската пумпа ги има истите компоненти како и ладилен или клима уред. Разликата е
во работните (температурните) услови. Ладилниот уред одзема топлина од средината што ја лади
до високо температурно ниво за греење.
ПОСТОЈАТ СЛЕДНИВЕ ТИПОВИ НА ТОПЛИНСКА ПУМПА :
-Топлинска пумпа воздух-воздух
-Топлинска пумпа вода-вода
-Топлинска пумпа воздух-вода